
Русковска пред одлука дали ќе го обжали притворот на Јанева пред Врховен
Зошто му ја испратила пораката на судијата Јани Нича и што сакала со тоа да постигне? Дали се заканувала и вршела влијание или пак искажувала или излив на разочарување.
Ова се дел од прашањата на кои обвинителката Русковска ќе треба да одговори пред советот на Јавни обвинители. Претседателот на ова обвинителско тело Ацо Колевски во разговор за Телма потврди дека ќе побара од обвинителката да ја каже својата позиција откако тројцата апелациони судии кои ја испратија во домашен притвор Катица Јанева испратиле допис до советот.
За разлика од судиите и обвинителите се поделија во два табора.
Колевски не сакаше да го каже личниот став. Советот ќе се произнесе откако ке ги разгледа сите.
Првиот човек пак на судскиот совет, Киро Здравев, се повика на вчерашниот став на советот со кој го осудуваат однесувањето на Русковска и сметаат дека го прекршила етичкиот кодекс.
Здравев ги негира критиките во јавноста дека ова судско тело реагира безо кога треба да ги заштити судиите а не презема ништо кога бегаат осуденици пуштени во куќен притвор или им застаруваат делата.
Вели сите овие случаи ги следат и ќе лоцираат дали вината е кај судиите или на друго место.
Министерката за правда и премиерот не ја коментираа смс пораката на Русковска но Заев испрати друга порака – дека обвинителите и одбраната се странки и треба да се еднакви во постапката пред судот.
Граѓаните сакаат резултати и непријатно доживуваат нетрпение меѓу судот и обвинителството, вели Заев.
Одлуката на апелација за домашен притвор на Катица Јанева утринава пристигнала во обвинитеството за организиран криминал и дополнително ке одлучат и информираат дали ќе се жалат пред врховниот суд.
Елена Ивановска Мукоска