Русковска не ја видела чанатата Луи Витон

Торбата Луи Витон од видеото на Ла верита која во рацете на Боки 13 ги прошетала европските метрополи не завршила меѓу доказите на обвинителката Вилма Русковска.

Скапата брендирана чанта која доби уште поголема вредност затоа што транспортирала милион евра јавноста виде дека тргнала од домот на Камчев но каде завршиле парите уште не се знае. Ако имало џи пи ес уред за следење, како што кажуваше Камчев во вчера објавените разговори можеби ќе се откриеше но обвинителството нема такви сознанија.

ЈОРСМ: Чантата за која покажувате интерес не е дел од доказите на предметот „Рекет“ и обвинителството нема докази дека во неа бил вграден уред за следење. Имено, сведокот ниту во исказ даден пред јавен обвинител, ниту пред судот не изјавил дека во чантата е вграден каков било уред.

Новите бомби излегоа по сведочењата на Камчеви за Рекет. Но и во снимкие и во исказите беше споменат екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Ана Камчеа сведочеше дека Боки 13 и најавил дека за два дена ќе биде притоврен Мијалков што и се случило.

Камчев и Мијалков беа осомничени во Империја и двајцата пред нова година излегоа од Шутка во домашен притвор и со зелено светло од Катица Јанева.  Во Рекет се тврди дека за домашниот притвор на Камчев  Боки 13  добил пари. Мијаков денеска пред рочиштето за Таргет тврдина пак не сакаше да коментира, вели нема конекција со тоа.

Камчев во изјава за фокус потврдува дека гласот од снимките е негов. Вели дека снимките се извадоци  од него подолг разговор кој бил направен на средба во Бугарија кон крајот на август на која присуствувале 4ца соговорници. Оценува дека тенденциозно се сечени делови од разговорот со што биле извадени од контекст и на тој начин се создаде погрешна перцепција. Тврди дека од контекст е изваден и делот со наводните заканите дека не би се заканувал кон ничии деца а оној што ги објавил разговорите вели имал цел да се умилкува кај одредени структури.

Во новите снимки се зборуваше  дека на истражител биле дадени 100 илјади евра за стикче односно  уред за чување податоци. Во друг разговор  пак се изразува сомнеж дека во обивнителството кое го раководи Вилма Русковска некој работи за вмро односно дека најверојатно нејзина колешка податоци од компјутер дала на лидерот на партијата. Од обвинителството не сакаат да коментираат за содржината на разговорите ниту дали е точно тоа дека од кај нив протекувае податоци во минатото. Упатуваат на вчерашното соошштение.

Обвнителката Русковска пред еден месец во телевизиско интервју тврдеше дека записникот од сослушување на сведоци кој се појави во медиумите не е излезен од нејзиното обивнителство затоа што во организиран криминал имале оригинали а објавениот документ бил во копија. Копираните документи минале низ кривичен апелација и вишо обивнителство. Но до сега не се откри кој бил кртот. Не се расчистени ниту објавувувањата на други разговори кои претходно излегоа на социјални мрежи.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ