Русковска: Националното помирување не го сфаќам како амнестија

„Поднесениот предлог закон не влијае на текот на судскиот процес. Амнестијата е исклучиво политичка одлука, судот само го спроведува донесениот закон. Националното помирување не го сфаќам како амнестија и не сум го спомнала во поинаков контекс“, кажа обвинителката Вилма Русковска.

„Никој во предметот за 27-ми април не е обвинет за тероризам. Делата за кои се товарат се разликуваат, ова не е потешко дело од тероризам. Никаде во обвинителниот акт не е споменат зборот тероризам или терористички акт“.

„Можеби некогаш ќе биде повикан како сведок Никола Груевски. Сега за сега ценев дека не треба. Ако има поврзаност на Вељаноски со насилствата тогаш тој ќе биде обвинет“.

„Не сме направиле ништо ако не стигнеме до организаторите и не ги обвинимe. Во моментов нема доволно материјални или вербални докази за организаторите. Затоа водам предистражна постапка“.

„Имаме докази со кои се потврдува улогата на Митревски и Василевски. „Кољо“ и „Нинџа“ имаат клучна улога.  Фактот што самите се пријавија во полиција, по осум месеци бегство, не ја намалува нивната вина“.

„Базните станици покажуваат каде бил Чавков за време на упадот во Собранието“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ