Вести Русковска контра Стефанова за Кацарска, Боки 13 му пиша на Јовески
Недозволиво однесување. Вака шефицата на организиран криминал ја искритикува колешката Лиле Стефанова која како сведок во Рекет ја посочи и судијката Добрила Кацарска како една од оние кои се јавувале во Империја.
-Секој што има сознанија и мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба да го пријави во Судски совет. Колешката Стефанова, како обвинител, треба да ја знае таа процедура. Недозволиво е вакви сомневања, после година и пол, да се изнесуваат во судница и притоа да не биде известен Судскиот совет, рече јавната обвинителка, Вилма Русковска
Русковска потврди и дека се повикуваат сведоци во предметот Империја за бизнисмените Камчев, Панделевски, поранешниот шеф на тајната полиција Мијалков и други, но потенцираше дека Стефанова повеќе не го води сама овој случај туку дека со неа во предметот е и обвинителката Гордана Смаќовска.
На денешното судење за Рекет, високата мода и познатите брендови макар и на слика се преселија во судница.
Со часови се изведуваа материјални докази а потоа и на видео бим беше презентирано што се заплениле истражителите во домот на Боки 13.
Од облека до мебел и техника 71 вреќа докази изнеле со камион од неговиот двор. Јовановски бараше сите парчиња да бидат донесени и во судница но судијката не прифати
-Овие докази се за кривичното дело перење пари. И затоа се презентираат доказите, зашто ние сметаме сето ова што е купено е како резултат на кривичното дело перење пари и од тие причини се презентираат овие докази, изјави Русковска.
Боки 13 бара прием и кај државниот обвинител Љубомир Јовески. За да го увери дека има што да му раскаже денеска му пиша и писмо кое и го даде на судијката Васка Николовска Масевска.
Мегу другото му пишал и наводи против Русковска откако вчера ја обивни зак орупција од 4 милиони евра. Таа во изјава за медиумите одговори дека секој кој има докази, треба да пријави во полиција
Елена Ивановска Мукоска



