
Русковска е новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал
Обивнителката Вилма Русковска позната по предметот за 27 април, „Диво Насеље“ и „Змиско око“ застанува на чело на обвинителството за организиран криминал, каде води предмети од формирањето на ова обвинителство. Вака одлучи Советот на јавните обвинители на денешната седница на која избра раководители за уште пет други обвинителства во земјава. Мустафа Хајрулахи со 6 години искуство од скопското Основно обвинителство доби унапредување во Вишото скопско обвинителство. Конкуренција му биле 10 обвинители меѓу кои и обвинители со поголемо искуство.
Поранешната директорка на Академијата за судии и обивнители Анета Арнаудовска нема да се враќа во судските води. На нејзино барање Судскиот совет донел решение да и престане судиската функција. Местото во Кривичниот суд и мируваше од 2006 кога беше избрана за директор на Академијата, потоа беше реизбрана но и по истекот на вториот мандат остана во оваа фотеља повеќе од две години
По подолга пауза од оваа академијата следната година ќе излезе нова генерација на кандидати за судии и обвинители. Но сепак и тие нема да бидат доволни за да ги пополнат сите испразнетите места, вели државниот обвинител Љубомир Јовески. Во сите обвинителства недостигаат 40 јавни обвинители.
Јовески вели преодно решение за проблемот со недостаток на обвинител се бара во тоа да се скрати обуката во академијата за стручните соработници кои имаат долгогодишно искуство.
Елена Ивановска Мукоска