
Руското МНР ги обвини САД за притисок врз македонската опозиција
Соединетите држави ја притискаат опозицијата во Македонија, за да ја вовлечат земјата во НАТО, пишува руското Министерство за надворешни, додавајќи дека таквото мешање е недопустливо и ги преминува сите можни граници.
На веб страницата на руското МНР, е објавен коментар на министерството околу странското мешање во внатрешните работи на Македонија.
„Врз опозициските пратеници се истури бура од повици со препорака да не се пропушта историската шанса, како и дека има различни бонуси за вистинскиот избор.
Конкретно, заменик државниот секретар, Вес Мичел, во објавеното писмо до лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, без задршки му диктира како треба да се однесува“, пишува во коментарот на руското МНР.
Продолжува најгрубото мешање на Содеинетите држави и Европската унија во внатрешните работи на Македонија, чие ниво веќе ги премина сите можни граници бидејќи целта да се вовлече Македонија во НАТО треба да се постигне по секоја цена, пишува руското МНР.