
Рускоска без коментар за амнестија на дел од обвинетите
Обвинителството ги подели на четири групи, телото за помирување во Собранието ќе одлучи кој ќе биде амнестиран. Пратениците, Организаторите на протестите, комндна одговорност и насилниците се четирите групи од обвинението за 27 ми април. Премиерот Зоран Заев во интервју за 360 степени најави нова поделба на амнестирани и неамнестирани. Кој се ќе влезе во законот за амнестија се уште не е одлучено, но според изјавата Заев е подготвен да им прости на ние кои не биле насилни. Ваквата нова поделба на обвинетите креаторот на обвинението Вилма Рускоска, не сака да ја коментира. Најавата за можна амнестија не ја чувствува како пристисок врз обвинителството.
Речиси идентичен став има и судијката Добрила Кацарска кој пак го води случајот за крвавиот четврток. Смета дека работа на законодавната и извршната власт е да носат закони, на судот да ги спроведува. Дали е селективна правда ако половина од обвинетите се амнестирани а половина не, не сака да коментира.
- Изјава од премиерот дали некој ќе се помилува а некој не, не е притисок врз судот, а најмалку врз мене. Јас судам според доставено обвинение, дали ќе има проширување дали за некој ќе има запирање на постапка тоа е друго. Колку лица се опфатени за толку лица се спроведува постапката, во меѓувреме што ќе се случува дали сите ќе останат како обвинети, тоа јас не можам да го кажам. Ме прашавте дали ме фрустрира поделбата, како граѓанин можам да ви одговорам, но како судија не смее ништо да ме фрустрира, смета Добрила Кацарска, судечки судија.
За сега кој се ќе биде амнестиран не се знае. Во моментов се води судскиот процес во кој обвинети се 33 ца меѓу кои има од пратеници до организатори на протестите, преку учесници во нив, па се до полицајци. Претходно за инцидентите паднаа неколку пресуди како што се за обидот на убиство на пратеникот Зијадин Села, за насилството врз пратеничката Радмила Шекеринска, но и за полесни дела како што се учество во толпа.
Билјана Николовска