
Русија стартуваше со триумф на отворањето на мундијалот против Саудиска Арабија
Русија и Саудиска Арабија ја добија честа да го отворат 21 Светското фудбалско првенство чиј домаќин во наредните 32 дена ќе биде Русија.
На стадионот „Лужники“ во Москва пред 80 илјади навивачи славеше руската репрезентација со 5:0 во првото коло од А групата.
Јури Газински во 12 та минута го постигна премиерниот погодок на шампионатот. Две минути пред одморот Денис Черишев го удвои водството. Артем Џуба зголемина 3 – 0 во 71 та минута, а во судиското надооплнување Русија постигна уште два гола. Најпрвин Черишев со вториот погодок погоди за 4 – 0 додека Головин го постави конечниот резултат.
Утре од 14 часот ќе биде комплетирано првото коло во А групата со натпреварот Египет – Уругвај, а ќе започнат премиерните мечеви во групата Б. Од 17 часот се среќаваат, Мароко – Иран а во вечерниот термин од 20 часот, првото големо дерби кое ќе го одиграат соседите, актуелниот европски првак Португалија и Шпанија.
Пред првиот меч 21 мундијал беше отворен со кратка свечена церемонија во чија главна улога беше познатиот пеач Роби Вилијамс со неговиот мини концерт како и со учеството на поранешаната фудбалска ѕвезда и воедно вториот стрелец на сите времиња од планетарните собири, феноменот од Бразил, Роналдо.