Рударот Венцо Велков со 8 неуспешни операции чека 9-та за да прооди

Станува и си легнува со болка. Рударот Венцо Велков од Македонска Каменица по повредата пред четири години боледува од дискохернија. Овој 41   годишен маж се движи само  со помош на патерици, досега  му се направени вкупно осум хируршки интервенции на Клиниките во Штип и Скопје, но ефект нема. Последна надеж му е операцијата во Аџибаден Систина.

Но, по низата поминати операции неговото семејство ги нема парите за операцијата. Доколку не му се изврши операцијата, тој ќе стане траен инвалид и нема да може да ја движи левата нога. Најголемата поддршка ја има од сопругата, двете малолетни деца и родителите. Но, деновиве рударскиот град Македонска Каменица се обедини. Средства се донираат преку отворените телефони, светскиот шампион во правење на пица, Зоран Јовановаски еднодневниот промет го донираше за неговиот сограѓанин, а Дарко Гоцевски кој е познат хуманист преку социјалните мрежи ги поттикна и иселениците.

Операцијата на овој вреден рудар треба да му се изврши во рок од 15 дена, во спротивно за него ќе продолжат болките, но и засекогаш ќе остане инвалид. Со операцијата му се дава надеж дека веќе нема да ги користи помагалата, со кои се движи и по овие скалила до петиот кат во неговиот дом во Македонска Каменица.

Телефони за донации за Венцо Велков од Македонска Каменица

143 144 (за корисниците на Телеком) – ЗА ВЕНЦО ОД СРЦЕ

143 468 (за корисниците на VIP/ONE) – ЗА ВЕНЦО ОД СРЦЕ

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ