РСС ја продлабочи регионалната соработка во сите сектори

Регионалниот совет за соработка(РСС) со своите активности и со напорите на земјите од Западен Балкан ја продлабочи регионалната соработка во речиси сите сектори – изјави денеска генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ во Софија.

Говорејќи на Самитот на Европската унија и Западен Балкан во име на Советот, Свилановиќ подвлече дека резултатите се особено видливи во соработката за движењето на работната сила и економската и дигиталната поврзаност на регионот, како делови од Повеќегодишниот акциски план, усвоен лани во Трст.

Резимиријаќи ги извештаите добиени од шесте земји од регионот  тој наброја дека е усогласен политичкиот документ за координација на финансиските пазари и диверсификацијата на пристапот кон пазарите на капиталот, дека регионот покрена политички дијалог на високо ниво за дигитализацијата на шесте земји од Западен Балкан и шесте економии ја подржа препораката за отпочнување преговори за спогодба за заемно признавање на стручните квалификации. РСС посредуваше и при усогласување на клучните принципи на заедничкиот модел за автоматско признавање на академските квалификации на Западен Балкан.

Свилановиќ го поздрави барањето на лидерите на шесте земји од Балканот да се зголемат уште повеќе напорите за спроведување на ПАП, но и дека се потребни уште повеќе проекти и активности за неговото натамошно што поуспешно спроведување.

Регионалниот совет за соработка е меѓувладинот тело на ПСЈИЕ, чиј основач и полноправен челне е Македонија, а од минатиот самит во Трст му е дадена клучна улога да ја координира соработката во регионот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ