РСБСП: Се намалува бројот на жртви во сообраќајни несреќи

Годинава најмалку луѓе со жртви во сообраќајни незгоди во изминатите десет години. Ова го изјави Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на денешниот разговор со новинари во Скопје.

„Ако во 2017 година имаме повеќе од 150 жртви во сообраќајни незгоди во Македонија, со задоволство кажувам дека 2018 година ја завршуваме со бројка што е помала за 20 отсто, односно бројот на жртви во сообраќајни незгоди нема да го надмине бројот од 130“ кажа Стаменковски.

Според претседателот на РСБСП, за разлика од пред четири години измерено е намалување на бројот на жртви за речиси половина. Лани се спасени повеќе од 30 човечки животи.

Во знак на благодарност за поддршката која ја пружаат во подигнување на свеста и културата за одговорно учество во сообраќајот, Стаменковски им подели благодарници на сите медиуми.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ