Ромите во голем број се запишуваат на факултети

Расте бројот на високообразовни студенти роми, велат од здружението Рома верзитас каде што  здружени студенти роми од различните факултети ширум Македонија ја подобруват одржливоста во текот на студирањето, своите академските постигнувања и личните капацитети. Кенан Таир од Скопје е апслолвент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Финки. Вели дека доколку дипломира во јануари, како што планира, најверојатно ќе биде првиот дипломиран студент од ромска националност на овој факултет. Компјутерите биле негова пасија уште од дете.

А нефорлмалните знаења и вештини ги стекнал токму преку проектите на Рома Верзитас, каде што на студентите Роми преку туторства, менторства, библиотеки и други алатки им се обезбедува академска и неформална пподдршка, како и поддршка за личен развој.

Статистиките на оваа здружение велат дека во учебната 2017/2018 на македонските факултети се запишале 235 студенти Роми, а во периодот од 2004 до 2018 година, студентите Роми најмногу сакале да студираат на филозофскиот факултет, па следуваат правниот и медицинскиот, филололошкиот, педагошкаиот и економскиот факултет.

 

Јордан Дуков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ