Рокот истече, дел од партиите не доставија амандмани за законот за јавно обвинителство

Обврски со Жан Моне дијалогот е образложението поради кое дел од партиите не го испочитуваа рокот до денеска на пладне и не доставија амандмани за законот за јавно обвинителство. За кои партии точно станува збор засега не се открива. Телма дознава дека рокот сега е поместен до утревечер и дека новата средба на работните групи која беше најавена за во понеделник ќе се одржи.

Доколку партиите достават амандмани и на понеделничката средба се услогласи текстот на законот, тој ќе биде испратен во Владата на усвокјување за да влезе во Собраниска процедура.

Спикерот Џафери најави дека во моментот кога законот ќе биде доставен до Собранието ќе биде ставен на гласање. Единствен начин законот да се усвои до 11 февруари пред распуштањето на Парламентот е да биде со европско знаменце и по скратена постапка а неопходни се 80 гласа односно двотретинско мнозинство кое сеуште виси.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека имаат дилема за кој текст на предлог закон треба да се достават амандмани но сепак најавиоја дека доколку има ќе учествуваат на средбата закажана за понеделник.

Вчерашната работа средба во Собранието на која учествуваа сите парламентарни партии заврши без напредок а беше одржана по дводневната јавна расправа на која претставници на политичките партии и експерти од оваа област имаа можност да ги изнесат своите забелешки.

По последните најави од Франција и Холандија законот за јавно обвинителство стана еден од условите од кои ќе зависи одлуката на Самитот на ЕУ во март или Самиот на ЕУ – Западен балкан во мај дали на Македонија ќе и се даде датум за старт на предпристапните преговори.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ