
Родовата дискриминација не е искоренета
Во Македонија има родова нееднаквост. Жената не е доволно присутна на пазарот на труд. Има и голема разлика во платите во однос на мажите за исто работно место. Во последно време под влијание на меѓународни тела и организации се преземени многу активности на полето на родова еднаквост, но и покрај тоа праксата е поинаква.
Еден од главните пробеми со кои се соочува жената е родовото насилство. Жената како жртва неретко е принудена да го напушти домот.
Нерешеното имотно прашање е позастапено во руралните средини во државата.
Денеска беше промовирана видео кампањата „Дали знаеш?“ кои ја промовираат „Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените“.
Теодора Цветковска