
Роднините на жртвите од Ласкарци барат преквалификација на делото
Роднините на жртвите од Ласкарци бараат на обвинетите да им се суди за убиство. Тие испратиле предлог до јавното обвинителство и основен суд делото да биде преквалификувано .
Според нив на обвинетите не треба да им се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Од ФЕИТ на денешното рочиште во Кривичниот суд одговораше на прашања на бранителите.
Ќосевски и на ова судење повтори е дека извршиле увид на патот, банкините, локацијата каде што бил автобусот, како и на самата механизација на возилото. Тој наведе дека АБС системот бил неисправен и дека на патот не се гледале траги од кочење.
Вештиот наод покажал дека на крајот на делницата Скопје – Тетово видливи се траги од гориво од автобусот пред да удри во металните банкини. Во претходните рочишта исказ даваа преживеаните патници, жители на Ласкарци, роднинини на жртвите, возачи во „ Дурмо Турс“. Судењето е во доказна постапка и се испитуваат сведоци. Во несреќата во февруари загинаа 16 луѓе , 37 беа потешко повредени.
За автобуската несреќа кај Ласкарци обивинети се шест лица кои се товарат за за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Следното рочиште е закажано за 8 јануари.
Теодора Цветковска