
Роднините на загинатите кај Ласкарци ќе се приклучат на кривичното гонење на обвинетите
Роднините на жртвите од автобуската несреќа кај ласкарци, во судница се соочија со обвинетите за несреќата. Денеска се одржа рочиштето во кое блиските на загинатите се изјаснуваа дали ќе се приклучат кон обвинението. Присуствуваа преставници на 13 мина од вкупно 16 загинати. Само еден од оштетените се изјасни дека вина гледа во сите обвинети освен во возачот за кој не сака да се приклучи кон тужбата. Но оштета ќе бара за тоа што му загинал братот во страшната несреќа.
Дел од останатите се приклучија кон тврдењаата на обвинителството и тоа за вина за сите обинети, додека дел пак не се приклучуваат кон обвинението. Дел ќе поднесат приватни тужби за оштета. Инаку обвинението го застапува скопскиот обвиниетел Дарко Јакимовски, а предметот се води пред судиката Дијана Груевска-Илиевска.
Ова доаѓа откако шестемина обвинети на претходно рочишто се изјаснија дека не се чувствуваат за виновни. Сега следуваат сведоците. Осумтемина кои ја преживеаја несреќата ќе треба да кажат што се случувало вечерта на 13 ти февруари.
Во несреќата кај селото Ласкарци, загинаа 16 луѓе, а 37 беа потешко повредени. Обвинети се сопственикот на превозникот – „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски. Тие се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци ќе продолжува на 31 октомври.
Теодора Цветковска