
Роднините на убиените момчиња на Смилковското езеро: 6 години судски турбуленции, правда треба да ја донесе СЈО
Вообичаен априлски ден за жителите на населбата Радишани, а за роднините на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски и рибарот Борче Стевковски – 6 годишна непреболена вистина. Вечните почивалишта денеска ги заменија со заеднички помен пред крстот на кои се испишани нивните имиња во населбата Бутел. Денеска се одлучија да молчат за како што велат за 6-годишната судска голгота.
Наместо правна разрешница, една година ветувања дека за овој случај постојат нови докази од т.н. „бомби“. Сметаат дека вистината им ја должи тогашниот опозициоенр, а сегашен премеир Зоран Заев кој, пак, тврди дека имал средба со роднините, но остава случајот до крај да го истераат институциите.
Што кријат бомбите скромно ќе открие и другата страна во процесот. Заеднички им е сомнежот дека во вој случај се вмешани и високи политички претставници во тој период.
Повеќе од 5 години во притвор минаа 4-цата обвинети за Тероризам. Алил Демири и Африм ИСмаиловиќ и понатаму се бараат со потерница. Јавнотото бвнителство кое еднаш стаса до пресуда со доживотни затвори за сите 6 – мина, битката ја загуби пред врховниот суд којшто случајот го врати одново да се суди, а истите обвинети за тероризам да се бранат од слобода. Немало доволно цврсти докази, кои пак од март годинава ќе треба да ги обезбеди нов обвнителски тим.
На местото на крвавиот злостор мирно, рибари околу езерото, дури и на местото каде е убиен 45-годишниот Борче Стевковски од с. Црешево. По, 12 април 2012-та во нива чест се издигна црква, крст и мермерн споменик со нивните имиња. Грозоморниот чин кој одекна во јавноста заврши со истрага дека врз убиените е пукано од три типа огнено оружје, дел се превезуале со црвена „опел омега“, а освен извршители имало и помагачи, но и по 6 години освен обвинети нема виновници, според судксите власти.
Павле Беловски