
Роднините на осудените од крвавиот четврток кај народниот правобранител
Родинините на дел од притворените од процесот за крвавиот четврток се жалат кај народниот правобранител. Во преставката која ја доставија денеска се жалат бидејки кривичниот суд донесе две различни решенија, и за притвор и за гаранција со имот дека нема да бегаат и се важат во исто време што како што велат е спротивно на законот.
Сите обвинети секогаш присуствуваа на рочиштата, никој не се даде во бегство, не го повтори или доврши делото, а не беше донесена ниту ослободителна пресуда, не е ни правосилна судската осудителна одлука, тогаш произлегува дека решенијата за определување мерка притвор на обвинетите на кои им е претходно уважена гаранцијата се незаконити, а дадената гаранција не може да се укине поради непостоење на законски основ за тоа, тврдат роднините.
Народниот правобранител Изет Меџити вели дека ова не би смеело да се случува, но дека можеби е резултат на законски недоречености. Според него законот за кривична постапка не предвидел ваква ситуација. Поради ова ќе го извести судскиот совет на кој ќе му укаже дека не би смеело во исто време осудените и да се во затвор и да имаат хипотека над имотите со која гарантираат дека нема да бегаат.
Вчера Телма објави дел од решенијата за притвор за осудените во кои судот им ја укинал мерката за претпазливост и им одредил мерка притвор. Но никаде не е укината гаранцијата па со тоа имотите кои ги заложиле секаде се под хипотека. Од судот ова го протолкуваа како моментална состојба, која брзо ке ја решат па ке ја тргнат хипотеката. Роднините пак велат дека ваков ист случај бил и со пресудата за бизнисменот Сеад Кочан, но тој се уште не е во притвор ттокму поради гаранцијата.
Билјана Николовска