Роднини на починат пациент ги нападнеле медицинските лица во “8-ми Септември”

Нов инцидент на напад на персонал во болницата “8 Септември” се случил во текот на минатата ноќ. Роднини на починат пациент ги нападнале медицинските лица а интервенирала и полицијата.

Дел од вработените во одделот за интензивна нега во болницата,  утринава протестирале пред канцеларијата на директоро, Христијан Костов, барајќи поголема заштита. Костов во 12.30 во изјава за медиумите се очекува да соопшти повеќе детали за инцидентот.

По претходните инциденти и случаи на напади на вработените во повеќе болници во Скопје и Тетово,  медицинските лица беа на протест, по што министерот за здравство најави и поголеми мерки на обезбедување на вработените.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ