Родителите од Аликоч немаат намера да ги пуштат своите деца на училиште во Коџали

Родителите од Аликоч немаат намера да ги пуштат своите деца на училиште во Коџали дури и по цена да ја испуштат учебната година. Мештаните велат дека подготвени се да се соочат и со казни, но сметаат дека ниту една од овие опции не е решение, туку конечно министерството за образование и општина Радовиш треба да поведат сметка за потребите на своите граѓани.

Од општина Радовиш велат дека се чека одговор од министерството за образование. Доколку добијат зелено светло но и средства за отворање нови работни места, кои несомнено ќе се потребни за пренамена и адаптација на објектот и нови вработувања.

Инаку, учебната година не е започната за педесетина ученици од прво до петто одделение од Аликоч, меѓу нив десетина се првачиња кои требаше да го имаат првото училишно искуство.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ