
Родителите на деца болни од дијабетес тип 1 бараат помош од државата
Марија Кожинковска од Битола е мајка на третооделенец кој боледува од дијабетес Тип 1. Со ова заболување се соочиле кога детето имало 5 години. Од тогаш почнува битката на семејството со оваа болест.
– Однадвор гледано е како секое друго дете, но за жал не е така. Дискриминарно е во исхрана, ограничено е во движење, потребна е 24 часовна конторола на детето, што значи ни малку не е лесно, барем во помали години, вели Марија Кожинковска, претседател на Здружението на деца болни од дијабет. На почеток однадвор гледано до 19 ни малку не е лесно
Родителитe бараат државата да им обезбеди современи помагала, кои сега ги набавуваат сами од странство. Со нив се овозможува постојана контрола, се намалува бројот на боцкања за инсулинска терапија, па се намалува и стресот кај детето.
-Две години ги бараме овие сензори здрaвствените власти да ги обезбедата за нашите деца, а со кои едноставно ќе им овозможи полесен живот, живот со помалку болка, вели Наташа Деспотовска Димитриевска, претседaтeл на Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК. На 20 тоа се сензорите до 34 живот со помалку болка
Иако причините за детскиот дијабетес речиси се непознати, лекарите велат дека генетскиот фактор има мала улога.
-Се претпоставува дека настанува пореметување на имунолошкиот систем, па во даден момент под влијание на одредени надворешни фактори, вирусни инфекции, стрес, начин на исхрана, доведува организмот да создадава антитела, нема лачење на инсулин и настанува дијабетес тип 1, вели Олга Лозановска, лекар.
Во Битола не се знае колку деца се заболени од детски дијабетес, но бројката загрижувачки расте. Исто така, нема ниту лекар ендокринолог педијатар, па семејствата се принудени да патуваат до Скопје.
Емилија Мисирлиевски