
Роденден на НАТО – 71 година од основањето
На денешен датум се празнува роденденот на НАТО – 71 година од основањето. Македонија веќе е полноправна членка на Алијансата, а честитка од Владата беше испратена преку видео-порака.
Во своите обраќања премиерот и министрите за одбрана и за надворешни работи истакнаа дека е остварена нашата стратешка цел и дека кога ќе се вратат работите во нормала ќе се видат и економските придобивки од нашето членство. Од НАТО ќе пристигне и помош во ова време на криза предизвикана од коронавирусот.