
Рочиштето за „27-ми април“ одложено за утре
Новото судско рочиште за „27 април“ е одложено за утре. Причина за одлагањето е што обвинителката Вилма Рускоска дава заклетва како нов шеф на одделението за организиран криминал и корупција.
На претходното рочоште беа читани вештачењето на мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, задолжен за електронското гласање во Собранието.
За случувањата во собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување.