„Поткуп“ одложен за 26 март, нема услови за присуство на јавноста во гледањето на снимката

Во Кривичниот суд денеска започна  ново рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

Премиерот пристигна заедно со неговите адвокати. Тие побараа од судот при прегледувањето на снимките јавноста односно новинарите да не бидат исклучени, на што се противеше обвинителството. Заев рече дека сака пред јавноста да си ја поврати честа и угледот која со овој предмет му била нарушена, бидејќи снимката која протече во јавноста била прекинувана.

Судиите пред малку донесоа одлука и јавноста да биде присутна но бидејќи е мала судницата и нема услови, процесот се одложи за 26 март.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Сведокот Сачевалиев денеска требаше да даде исказ, но не е дојден на рочиштето. Тој не присуствуваше и на претходното рочиште на 6 март, бидејќи не бил уредно поканет.

Заев на претходното рочиште, на 6 март, рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него, конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ