
Роберт Бојаџиевски е нов дебармаалски кум за 2019 година
Деведесет години по ред, живее новогодишната традиција во скопското Дебар Маало. Старите скопјани првото јануарско утро традиционално го поминаа во култната кафеана Идадија.
Кршеа погача и го предадоа кумството за 2019та година, со народни песни, но и по некоја чашка. Испратија порака, да продолжи да живее традицијата и во иднина.
Роберт Бојаџиевски е нов дебармаалски кум за 2019 година.