
РKE драстичнo ги намали цените на нафтените деривати
Коронавирусот удри по берзите, а енергететскиот сектор веќе доживеа големи шокови. Тоа ја натера и Регулаторната комисија за енергетика на драстични промени и намалувања во цените на нафтените деривати. Болеста која е раширена насекаде во светот и сега е најприсутна во Европа, на енергетиката се одрази полошо отколку нафтената криза пред повеќе од десет години.
Во време кога важат посебни мерки и препораки во државата и граѓаните чекаат на реакција од сите институции – се огласија и дел од јавните претпријатија.
ЈП Водовод и канализација нема да ги чита водомерите кои се наоѓаат во објектите и нема да исклучува корисници на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови.
На ист начин реагираат и од другите јавни и комунални претпријатија, по препораките токму од Регулаторната комисија за енергетика.
Мерките ќе важат неопределно време се додека се во важност препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство.
Петар Догов