
РКЕ бара потрошувачите до 31 март да изберат снабдувач на електрична енергија
Согласно новиот Закон за енергетика, до 31 март , јавни претпријатија во државна и во сопственост на општините, или вкупно 2474 потрошувачи да излезат на слободниот пазар на електирчна енергија и да изберат снабдувач. Ова го побараа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според претседателот, Марко Бислимоски, со излегувањето на слободниот пазар, потрошувачите ќе заштедат 29% од цената за електрична енергија, во однос на онаа што ја нудат снабдувачите на регуларниот пазар. За таа цел, на сајтот на РКЕ е истакната апликација за спроведување јавна набавка, а по електронска пошта, апликантите ќе бидат известувани, рече Бислимоски. Во оваа категорија не спаѓаат социјалните установи како што се градинките, интернатите и домовите за стари лица кои немаат обврска да распишат тендер, дополни претседателот на РКЕ.
- Ги повикуваме да си ја завршат таа обврска. И доколку не ги завршат нивните постапки, една од опциите е да бидат исклучени. Имајќи предвид дека голем дел од нив вршат дејност од јавен интерес, ние ќе разгледуваме начини , доколку сме доведени до таква ситуација, за минамален период да го продолжиме тој рок. Но, сакаме сега сите од нив да си ги распишат јавните набавки и да си ја исполнат обврската која што им произлегува од Законот за енергетика, изјави претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски.