Резервираност и молк од партиите по преземање на ЈО на предметите од СЈО

Резервираност, но и молк од политичките партии по одлуката Јавното обвинителство да ги преземе предметите на СЈО.

Владиниот коалиционен партнер ДУИ е затечен од вчерашната одлука на Јавното обвинителство и за нив законитоста на оваа одлука е под знак прашалник.

Затоа што тоа се носи во услови кога човек е во притовро, кога сам е во оставка и кога е започнат процес на разрешување во Собранието. Гледаме дека институциите се затекнати, фелата е затечена, јавноста е затечена со еден ваков развој, велиАртан Груби, организациски секретар на ДУИ.

За партијата, вели Груби е најбита одржливоста на било каква одлука или закон и со нив треба да се гарантира законитоста на процесот, а тие да бидат прифатливи не само за политичките парти кои го преговараат законот, туку и за целата јавност.

Со предавањето, за која што законитост зборував, на тие случаи од СЈО во Јавното обвинителство, СЈО е безпредметно. Нема веќе предмети, нема веќе што да застапува пред судовите. Ова е новонастаната ситуација за која сметаме дека можеби ќе треба да се произнесат повеќе експерти, универзитетски професери, можеби Уставниот суд, можеби Административниот суд, можеби Собранието со автентично толување. Но Сепак, јас не знам за сличен приемр, во некоја друга земја, за ваков тек на настаните, вели Груби.

Од СДСМ молк за одлуката за преземање на предметите од СЈО. Од таму денеска не одговара на јавувањата и СМС пораките кои им ги испративме со барање за нивниот став.

Од ВМРО-ДПМНЕ иако со обраќање кон јавноста почнаа уште од 9 часот утринава со лиферување на соопштенија за „Рекет“, но и одржување на три последователни прес-конференции на други теми, не излегоа со став за преземањето на предметите на СЈО. Единствен став кој можеше да се добие од опозициската партија е фејсбук статусот на Генерален секретара на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во кој тој ги користи ставовите на универзитетските професори и правни-експерти Калајџиев и Тупенчевски за случувањата околу СЈО за да го рефлектира ставот на партијата.

Калајџиев изјавува дека на крај излегло дека СЈО служело само за да се урне ВМРО-ДПМНЕ и дека намерата на Владата е СЈО да згасне. Тупанчевски пак тврди дека ние сме се покажале како незрело општество затоа што многу сме верувале во концептот на СЈО, а тоа ни се вратило како бумеранг. Се покажало дека таквото обвинителство (СЈО) има низа дефекти, не само законот, туку и луѓето кои биле дел од тоа обвинителство не докрај ја завршиле својата мисија, како што претходно најавуваа. Епа да де!!! Токму тоа. Тоа го зборувавме цело време во изминативе години? Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ!, напиша Јанушев на „фејсбук“.

Од помалите партии со став се огласи и Алтернатива на Африм Гаши од каде директно не го коментираат прземањето на предметите од страна на ЈО, но искажуваат став дека СЈО треба да се инкорпорира во Јавнотот обвинителство и со тоа да престане да постои како специјално обвинителство. Според нив сите предмети кои се започнати и за кои се уште има индиции за инкриминираност треба да продолжат да се процесуираат во новиот одел во рамките обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција.

За преземњето на предметите на СЈО од страна на Јавното обвинителство засега нема реакции од меѓународната заедница.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ