Ревизорите сметаат дека обвинителствата немаат истражни центри, пари, кадар и простор за да си ја исполнат задачата

Мора да проработат истражните центри на обвинителствата кои се главна алатка за откривање на криминалот и корупцијата во предистражна постапка. Ова го потенцирале како еден од главните проблеми, ревизорите во извештајот за функционирањето на државниото обвинителство.

Според нив поради нефункционирањето на центрите врската меѓу МВР и обвинителствата не е на потребното ниво.

Сепак ревизијата препорачува подобра соработка и меѓу обвинителствата низ земјата, меѓу нив и судовите, затворите и други институции а потребна е и нивна електронска комуникација напишале ревизорите.

Нивниот заклучок е дека законот кој не ја уредува доволно работата на обвинителството, доведува до малку пари за обвинителствата, мала екипираност, недоволни технички ресурси, опрема и простории со што обвинителствата се спречни целосно да ја исполнат својата задача и надлежност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ