Ревидиран список на лектири

Покрај задолжителните лектири, учениците ќе имаат многу повеќе изборни од досега. Дел од претходните книги остануваат, како на пример Зоки Поки, но меѓу лектирите не е веќе на пример Волшебното самарче.   Некои од насловите, особено меѓу изборните  во голем дел ги следат современите трендови и отвораат теми кои до сега беа табу .

Чепишевска е меѓу професорите кои пред 5 години  на иницијатива на Бирото за развој на образованието учествуваше со предлози за избор на нови наслови. Тогаш иницијативата остана само на хартија. Добро е вели што во новиот список има многу од лектирите што тие ги предложиле, особено меѓу изборните, но посочува дека имало потреба за уште една средба бидејќи во изминатиот период се излезени многу нови наслови. Според неа, не е направено доволно во приближувањето на лектирите за учениците на македонски и албански или турски наставен јазик

Професорот Владимир Мартиновски посочува дека списокот на лектори треба постојано да се ревидира , имајќи го предвид фактот едка постојано излегуваат нови наслови, но и покажаниот интерес на учениците. Особено е важен и начинот на обработка на лектирите

Списокот на лекториќе биде  отворен за предлози и сугестии и предлози  еден месец. Испратен е до факултетите, друштвото на писатели и до основните училишта.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ