Ретки се младите кои сакаат да останат во својата држава

Самиот дизајнира, крое и шие во своето модно атеље младиот Методи Коцев, кој лебот го печали како моден креатор за венчаници и свечени фустани. Во градот на текстилот, овој млад човек е еден од ретките, кој не сака да замине во странство. За отварање на својот бизнис не добил никаква финансиска поддршка од државата.

Новинарот Игор Стојанов, кој секојдневно работи со студенти во Универзитетското радио смета дека причината за иселувањето е што нема кој да ги насочи младите во нивните идни кариери, ретки се фирмите кои стипедндираат и ги повикуваат на пракса. Граѓанскиот сектор пак дел од решенијата на проблемите за младите ги гледа во новиот закон за млади.

Телма и претходно ги презентираше истражувањата на ИНИ Виница, кои покажаа дека ниските плати од 200 евра и вработување со помош на партиски книшки се причините што младите среќата си ја бараат во западно европските држави. Затоа е и потребна поголема мотивираност, поквалитетен живот во помалите градови и ангажман од властите за да младата популација си остане во своите родни градови.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ