Реставрација на црквата Свети Илија, позната и како Хуса Медина пашина џамија во Штип

По пет века се  работи на симболот на соживотот и толеранцијата во Штип. Во објектот познат како црквата Свети Илија или Хуса Медина пашина џамија од денеска влегоа и на него работат штипските археолози. Директорот на Музејот, Митко Штерјов појаснува дека имаат конзерваторски истражувања за да направат проект, со кој средствата за реставрација на овој култен објект за штипјани ќе бараат од Mинистерството за култура или од европските фондови.

Изминатите децении имаше и проблеми со тоа на кого му припаѓа овој објект, но Штерјов забележува дека е пред се споменик на културата од втор степен.

Штипскиот музеј има за цел да го отвори овој објект за културни настани, а за него се поврзани и низа на приказни и легенди. Изминатите години беше и мета на диви копачи од земјава и странство, кои со мапи во рацете и специјални апарати низ него бараа и закопано злато.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ