
Ресенчани предупредуваат на загадувањето од локалната тулана
Ресенчани и ресенските екологисти го кренаа својот глас против Туланата во Ресен, која тврдат дека ја загадува животната средина и им го загрозува здравјето, затоа што во процесот на производство како енергенс користи петрол кокс. Посебно се жалат жителите кои живеат на стотина метри од фабриката, кои велат дека веќе 5 години го дишат чадот што се испушта при согорувањето на отровниот енергенс и прашината што се создава при секојдневното минување на камините во населбата.
„ Не можеме да излеземе надвор на чист воздух, ниту во дворот не можеме да излезема, чувствиваме главоболка“, вели Зоран Бандиловски од Ресен.
„ Се чувствува голема миризба во воздухот и толку е силна што не се дише, не можеме ниту надвор да излеземе. Штетно е и за возрасните, но посебно за децата“, изјави Зоран Богдановски жител на Ресен.
Од здружението „Еко Герила Преспа“ организраа трибина на тема „Нова слога стар проблем“ и побараа надлежните да извршат ревизија на еколошката дозвола што фабриката ја добила пред 6 години. Велат се поголем е бројот на ресенчани со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, што според нив се должи на аерозагадувањето.
„Петрол коксот е голем загадувач на животната средина и затоа ние како здружение бараме од минситерството за животна средина да излезе на терен и да се преиспита веродостојноста на А интегриранаа дозвола на субјектот. Исто така бараме да се постави мерна станица за мерење на квалитетот на амбинеталниот воздух што би била единсвен показател што ние дишиме“, рече Марија Ефтимовска од „Еко Герила Преспа“.
Општинскиот инспектор за животна средина во Ресен, вели дека во изминатиот период ги презела сите активности во нејзина надлежност, постапувала по пријавите на граѓаните, повеќепати се извршени мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух, кои секогаш биле во дозволените граници.
„По 6-7 години ќе се изврши генерална еколошка ревизија од Министерството за животна средина. Континуирано имаме стручни извештаи од акредитирани фирми за извршено мерење сите се во ред, повторно нема да биде ставена измена за поставување на филтри. Ништо од тоа не ни оди во прилог. Во прилог оди само да се стави забрана за употребата на петрол коксот“, рече Андријана Георгиевска Зебековска, овластен иснпектор за жиотна срдина во општина Ресен.
Од туланата „ Нова слога“, за Телма изјавија дека ги имаат сите потребни дозволи за работа, а фабриката во процесот на производство користи други енергенси и само 20 проценти петрол кокс, кој е дозволен во државата . Тврдат дека не се загадувачи, што во повеќе наврати е потврдено со извршените мерења од надлежните.
Жителите пак се категорични, дека доколку надлежните не го слушнат нивниот глас, ќе преминат кон порадикални мерки и ќе го блокираат патот кој води кон фабриката.
Емилија Мисирлиевска