Република Илинденска Македонија за севкупна употреба е предлогот за решение на спорот за името

Република Илинденска Македонија за севкупна употреба е предлогот за можно решение за спорот за името. Премиерот Заев на тричасовната лидерска средба го информираше државниот и политчкиот врз за сите детали за преговорите со Грција. Со ова решение се чува достоинството, се поврдува македонскиот идентитет и е гаранција за мултиетничка држава, рече Заев.

Премиерот упати порака до граѓаните да не се плашат затоа што со ова решение се сочувува јазикот и идентитетот и се отвора патот за покана за НАТО и ЕУ.

Доколку се постигне политички консензус тогаш предлогот ќе биде ставен на референдумско изјаснување. Спроведувањето на новото име за внатрешна употреба би се одвивало во фази како што ќе напредува земјата во членството на ЕУ, а тоа ќе се реалзира преку уставни измени. Заев упати и порака до Грција дека со ова решение се прави целсоно разграничува со регионот Македонија во Грција и се докажува дека нашата држава нема територијални претензии кон ниту една соседна земја.

Лидерот на опзоициската Вмро Дпмне Христијан Мицкоски соопшти дека нивниот став во однос на уставните измени останува непроменет, а предлогот з аимето ќе биде презентиран пред органите на партијата.

Претседателот Иванов останува воздржан за предлогот Република Илинденска Македонија. Ставот ќе го соопшти откако ќе добие писмен документ.

Додека траеше лидерската средба пред Клубот на пратеници се одржаа мирни протести за зачувување на уставното име.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ