
Репортажа Телма: Скопје празно – граѓаните врват само во супермаркетите
Шаховските табли во парковите останаа без фигури , луѓето кои секој ден играат партија шах на отворено денеска остаана дома. На првиот пролетен ден, само осамени луѓе седат на клупите во парковите.
Малкумината кои ги сретнавме велат дека ги почитуваат препораките и излегуваат само кога мораат.
Слично е и во ГТЦ. Излезени беа само оние кои кој мора да платат сметка за струја, вода да подмират долгови во банките. Редарот ги предупредуваше да влегуваат еден по еден на растојание од 2 метери. На излез од ГТЦ го сретавме Назим Мемедовски не е вработен, нема социјално и здравствено, па мерките не може да ги почитува.
Измените на возниот ред на ЈСП ги испразни и автобуските. Дури и на оние најфреквентите пред Зеленото Пазарче. Екипи на општина центар го дезинфицираа а пазарџии и купувачи имаше помалку од вообичаено. Пазарџиите се жалат коронавирусот го намали прометот. Кај нив цените на овошјето и зеленчуот се исти како порано па порачуваат граѓаните да купуваат од тезгите, наместо во маркетите.
Денеска е џума, ама џамиите се затворени. Петочна молитва има, но верниците се молат од дома. Не далеку од џамијата која ја посетиве, работата на градежните работници си тече нормално. Не се придржувбаа сите до мерките-Во оваа чајаџилница во Старата Скопска чаршија собрани луѓе на ќашка чај . По пријатавата веднаш регаираше полицујата и паразниот инспекотар па Чајаџилницата е затворена. Владата вчера донесе одлука луѓето да не седат во парковите во групи од повеќе од 5 луѓе . Од денеска се забранува и одење на Водно по 18 до 6 часот наутро. МВР и АРМ ќе контролитаат на терен дали некој не ги почитува мерките.
Теодора Цветковска