
Репортажа: Скопјани мируваат, улиците и парковите испразнети
Мирно пладне во Скопје. На скопските булевари и улици денеска помалку автомобили од вообичаено . Апелите и мерките за седење дома како да стигнале до граѓаните. Надвор може да се забележат само луѓе кои излегле со своите миленици на прошетка, на пазарување . Малкумината кои ги сретнавме велат дека ја подржуваат одлука за полициски час, но сметаат дека треба да почнува пред 21 часот.
Се испразнија и автобусите. По наредбата да се преполови бројот на патници во ЈСП , денеска во автобусите речиси и да немаше патници. Но во секој градски автобуски има екипи од Град Скопје кои дезифицираат.
Во новите мерки од Владата беа опфатени и такси компаните. Таксистите велат дека имаат намален промет и дека воведувањето на намалени дежурства ќе биде фатално за овој сектор.
Смената е и сликата на најфреквентите места во градот.
Полициските екипи од рано утринава се на терен за да се спречат собирањето на групи поголеми од 5 луѓе во парковите и по улиците. Ладното време ги натера граѓаните денеска да се повлечат во своите домови. Но, останува дилемата дали утре после работа ќе останаат дисциплинирани и ќе останат дома.
Теодора Цветковска