
Реорганизација на штипското Инфективно одделение по позитивниот тест на 80-годишна пациентка
Целосна реорганизација на штипското Инфективно одделение е направена откако 80-годишна пациентка неколку денови била хоспитализирана со дијагноза бронхопневмонија и негативен тест на коронавирус. Но последниот брис покажа дека е позитивна. Токму поради овој случај речиси сите вработени на оваа одделение, односно двајца инфектолози, осум медицински сестри и четворијца болничари кои биле конткат со неа и покрај тоа што немаат симптоми се ставени во самоизолација.
На инфективното одделение со средна клиничка слика се лекуваат двајца пациенти позитивни на Ковид 19 од Штип. Останатите се лекуваат во домашни услови.Ѓеорѓијев вели дека на испомош на кумановската болница за наредните две недели имаат пратено еден лекар интернист. Апелира медицинскиот кадар кој во моментов е на првите борбени редови да се заштитува и да ја користи заштитната опрема, онако какошто е пропишано. Донациите во опрема пристигнуваат секојдневно од фирми, но и од граѓани.
Во Штип првите случаи на заболен од Ковид 19 беа пријавен пред дваесетина дена, а наредната недела се очекува Институтот за јавно здравје да излезе со податоци колку од нив се излекувани. На пунктот во здравствениот дом се земаат брисеви за текстирање, а досега се направени над 100 тестови. Од денеска со новозаболените во Штип се формираше и четврти кластер на заболени од Ковид 19.
Викторија Јованова