
Ременски утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“
Потпретседателкта на Собранието и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, неофицијално дознава Телма.
Нејзиното име неофицијално се спомнуваше во дел од медиумите и во обвинувањата на опозицијата како блиска со осомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и како почесна претседателка на неговиот Меѓународен сојуз.
Ременски донеодамна беше потпретседателка на СДСМ.