Ременски очекува обвинителството да ја заврши постапката против неа

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски дојде пред обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, за да одговори на прашања за нејзина поврзаност во истрагата со проневерата на пари од бизнименси преку невладината органзиација на Боки 13 – „Меѓународен сојуз“. Ременски по два часа давање исказ, ќе каже дека ја убедила обвинителката да ја запре постапката против неа.

Обвинителството го напушти со решение дека истрагата против неа е завршена, со исчекување дали ќе биде или не обвинета за злоупотребите со „Меѓународниот сојуз“. За поврзаноста со Боки 13 не е во заблуда, како што се бранеше заменичката на Боки, Јасна Мандиќ која што вчера половина ден даваше исказ пред Русковска. Ременски се сомнева дека е жртва на параполициска конструкција. Истрагата требала да се насочи што презел поранешениот директор на УБК Горан Николовски, откако Камчев му се доверил дека е рекетиран.

Настрадала затоа што била храбра и има имала став. Се вмешла во машки полициски работи. Овие тврдења ги поврза со кривичната пријава која што пред 6 години ја поднела против Силјан Аврамовски висок функционер, а обвинителката Гордана Смаќовска оттогаш не дала одговор до каде е случајот кој е во нејзини раце, тврди Ременски.

По, неа и Јасна Мандиќ, обвинителката Русковска продолжува со распити во петок за нивниот претседател во невладината Боки 13, неговиот татко и помошничката Христина Блажевска.

Бизнисменот Силјан Мицевски префрлил на пензиоенрка над 700 илајди евра, а градежната Фирма на Амзовски Дрим Билдинг од Струга 230 илајди евра. Боки 13 ги испрал парите, а ветувал дек ќе гради домови за стари лица во Битола и Карпош, рече обвинителката Русковска објаснувајќи ја истрагата која што ја покрена против нив.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ