Ременски не сака да коментира за постапките на Боки 13

Пратеничката и почесна претседателка на меѓународниот сојуз Фросина Ременски тврди дека не присуствувала на средбите мегу Боки 13 и бизнисмените кои сега си ги бараат парите назад. Дали знаела за сомнителните зделки но  долговите и  договрите на мегународниот сојуз? Одговри се што имала да каже соопштила пред обвинителството и поради тајноста на истрагата не може да го сподели со јавноста. По 3 часовниот исказ во обвинителството потпретседателката на Собранието им објаснуваше на новинарите и што значи да се биде почесен претседател.

  • Почесното претседателство или членоство во ниту еден момент не подразбира формално правна обврска во одлучување и учество во органи на НВО или партија. Самиот термин почесно претседателство претставува и се дава како признание за одредени активности во сфера која допира активности во која што сте прогласени како почесен член почесно претседателство во мегународенсојуз имаат и други лица.

Боки 13, вели не го посетила во затвор а за  Јанева и Милевски како и бизнисменот кој ги пријави за Рекет, Камчев негира дека лично се познавала . Повтори дека нема ништо против да обвинителството да истражи нејзината поврзаност со невладината на Боки 13

Н:Какви Релации имавте со Бојан Јовановски?-

Ф.Р- Овде се зборува за конкретен кривично правен настан не зборуваме за лични релации мои и ваши новинарке како што не можам да кажувам ни за други лични релации што не се во контекст со кривично правниот настан.

Фотографиите со  Бојан Јовановски смета дека треба да бидат предмет на интерес на надлежните органи не и на осуда од јавноста. За разлика од Јанева и други јавни личности кои тврдеа дека биле злоупотребени од Јовановски, Ременски не сакаше да коментира ниту за Боки 13 кого обвинителствот го притвори поради сомнеж за Рекет ниту дали чувствува грижа на совест што била дел од невладина која е под истрага

  • Квалификациите што правел Меѓународниот сојуз ќе ги оставам да ги утврди ЈО. Ниту јас, ниту вие како новинари не треба да даваме квалификации. По прашњето за грижата на совест, тоа е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме и одговорност, меѓутоа и сите ние имаме и ситуации во животот кога и другаруваме или сме во роднинска врска со луѓе кои можеби сториле или не сториле нешто, а сме биле во некаква комуникација. Тоа не значи дека тоа повлекува и некаква грижа на совест особено ако не се однесува за дејствија поврзани меѓу нас, рече таа.

Ременски беше сослушана како лице кои треба да даде потребни известувања. Неделава обвинителството за организиран криминал сослуша повеке сведоци кои соработувале со Меѓународниот сојуз или со Боки 13.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ