Ременски не прима новинари во кабинетот – Заев најавува рекет – метла

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски Ташевска беше во кабинетот, но не прифати средба со нас. Првин имаше состанок, а потоа од нејзината канецларија излегоа координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митроски и пратеникот Диме Велковски.

Не искоментираа ништо, а од кабинетот на Ременски не известија дека не може да не прими ниту на разговор ниту дека ќе даде изјава.

Ременски е осомничена  во проширената истрага за Рекетот откако обвинителството објави официјално дека гони и функционер за вмешаност во скнадлот со пари на Меѓународниот сојуз. 

 “Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт” – соопшти јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Дваесетина минути подоцна Ременски ја напушти седницата на Собранието каде се расправа за ребалансот и замина во својот кабинет. Не одговараше на нашите повици.

Ременски инаку имаше и фукција почесен претседател на Меѓуанродниот Сојуз кој го води првоосомничениот за рекетот Бојан Јовановски Боки 13.

Таа е една од двајцата пратеници на СДСМ кои беа на распит како сведоци во обвинителството.

Сега таа веќе е осомничена. Партискиот претседател и премиер Зоран Заев првично најајвува санкции и партиско бркање за сите функционери кои ќе бидат опфатени со рекет.

Утре Заев најави повеќе објаснување. Ременски инаку по предлог на СДСМ е потпретседател на Собранието. Оттаму денеска немаше реакција за нејзината функција иако таа веќе од други причини си поднесе оставка од местото член на комисијата за надзор на тајните служби.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ