Ременски: Моето поврзување со случајот “Рекет” е обид на опозицијата да фрли партиска боја на случајот

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, денеска преку Фејсбук се огласи по различните шпекулации за нејзината поврзаност со случајот “Рекет”.

Таа порача дека нема ништо против Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција да испита каква била нејзината почесна функција на невладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13).

“Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.
Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина” – пишува на фејсбук Ременски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ