
Ременски избега од новинарите
Во 10 часот влезе во обвинителството за организиран криминал на единственеиот влез каде што немаше медиуми, пет и пол часа подоцна скришно и излезе. Додека сите вработени од апелација и обвинителството излегуваа на официјалниот влез, единствен отворен во тоа време, некој и ја отворил заклучената врата на задниот влез, кој според беше официјално затворен еден час порано. На овој начин пратеничката Фросина Ременски се обиде да ги избегне новинарите.
Екипата на А1.он ја пресретна на раскрсницата кај Врховниот суд. Како пратеник избран од граѓаните која треба да одговори на сите прашањата од интерес на јавноста, Ременски возврати со критики за новинарите дека не известуваат објективно, дека прават медиумска фама за случај кој според неа е приватен интерес.
Обвинителството за организиран криминал користи простории во рамки на зградата на Скопска апелација. Претседатлеката на овој суд Лидија Димчевска во телефонски разговор за Телма тврдеше дека судски полицаец без нејзина дозвола одлучил да и отклучи на пратеничката, со што ја сокри од медиумите кои со часови ја чекаа таму. Димчевска вели за ова разбрала од медиумите и смируваше дека ги опоменала вработените ваква ситуација да се повтори.
Пет и пол часа почесната претседателка во невладината на Боки 13 правеше увид во доказите. Вели денеска не завршила со прегледување на сите списи а тврди и дека не видела докази против неа.
Денеска беа повикани и Боки 13 и неговиот татко Миле Јовавноски но не дошле на увид, потврдуваат од обивнителството. Увид вчера правеле и заменик претседателката на Мегународен сојуз Јасна Мандиќ и асистентата на Боки 13.
Увидите се како подготовка за исказите на сите осомничени планирани за следната недела. Како оштетени во овој предмет обвинителството ги води бизнисмените Силјан Мицевски од градежната компанија Пелистер и Ардијан Амзоски од Дрим Билдинг. Кога во октомври обвинителството ја отвори оваа истрага соопшти дека Боки 13 ги довел во заблуда дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и така преку авторска агенција успеал да добие средства од 719.905 евра од едната и 233.821 евра од другата фирма. Ременски пак како функционер го искористила сопствениот авторитет и углед за оштетените да стекнат впечаток дека зад проектите стои извршната власт.
Елена Ивановска Мукоска