Ременски го сменила телефонот 4 дена пред отворањето на истрагата Рекет

Потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за меѓународниот сојуз Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата.

Од обвинителството за Телма потврдија дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата.  Претрес е вршен во домот на Ременски, додека не е вршен во кабинетот на потпретседателката во Парламентот.

Пратеничката имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули. Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.

Истрагата за Рекетот е отворена на 15 јули, 4 дена по менувањето на апаратот на Ременска. Тогаш Ременски не беше осомничена иако во написите за случајот претходно се спомнуваше псевдоним Фрики. На 15-ти јули беше приведен Јовановски-Боки 13 кој е осомничен и и во двата крака на Рекетот, Орце Камчев и Меѓународен Сојуз.

Пратеничката Ременски не смее да го напушта Скопје, одлучи судот по барање на обвинителството во истрагата за парите меѓу кои и оние 720 илјади евра дадени од Силјан Мицевски.

Италијанска Ла верита ја притвори Ременски и предвреме ја унапреди Русковска

Но италијанскиот весник Ла верита денеска неточно тврди дека пратеничката е во домашен притвор, а авторот словенечкиот новинар Гајсер ја сменил и биографијата на надлежната обвинителка Русковска тврдејќи дека преку неа Заев инсистирал парите од Мицевски да бидат ослободени во рок од 48 часа за да може Јовановски да ги земе.

Обвинителството ги негираше сите овие наводи на Гајсер како неточни бидејќи наведе дека истрагата за тие пари траела 6 месеци, а не два дена како што пишал словенецот и дека Русковска е назначена за раководител во обвинителството за гонење организиран криминал цели седум месеци подоцна, во ноември 2018-та. Немало ниту искази на обвиниетлот Пановски пред државниот обвинител Јовевски, го негира обвинителството авторот од Словенија и смета дека со дезинформации и лаги се отежнува истрагата за да се предизвика сензација.

Соопштение на Јавно обвинителство:

Обвинителството секојдневно настојува во рамките на можностите да сподели детали што нема да наштетат на истрагите, а на јавноста ќе и овозможат да има реална слика за текот на постапките. Со објавување на ваков вид на текстови и тоа во странски медиуми се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапките.

Тесктот Ла верита го објави рано наутро, по што беше преземен од медиумите и негиран од обвинителството.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ