Рекордни 180 нови случаи со Ковид-19 во земјава

Рекордни 180 нови регистрирани со коронавирус во земјава. Додека Скопје, Тетово, Куманово и Штип ги ситнат првите 24 часа од 80 часовниот полициски час како региони со најголем број на нови случаи, на нивно конто денеска одат и дополнителни 162 случи. Во Скопје денеска се регистрирани нови 109 случаи, во Куманово 26, Штип 15 и Тетово 12. Од другите општини со бројка е издвојува Гостивар каде денеска се регистрирани 8 нови случи со што вкупната бројка на активни случаи таму е 20. Големиот број на новорегистрирани според министерот за здравство се должи на зголемениот број на тестови на контактите за претходно дијагностицираните. Во последните 24 часа направени се 1.272 теста.

„Од денес до вчера таргетирано се тестираше и калстерската анализа на новодијагностицираните покажува следно: Околу 15 семејства вкупно носат 90 проценти од новите случи, што значи дека болеста се шири тесно во рамките на овие кластери. Има и нови спорадични случаи коишто не можат да се поврзат со овие семејства, што е доказ дека вирисот постои“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

За вториот бран од епидемијата на Ковид-19 во кој влезе земјава, Филипче смета дека причина е непочитување на мерките од срана на граѓаните за групирање.

Инаку Ковид статистиката денеска регистрира и два смртни случи и тоа на Инфективната клиника пациент од Куманово на 52 години и на пациентка на 68 години од Скопје во болницата „8 Септември“. Добра вест денеска е дека има и 11 оздравени.

Викенд полицискиот час во скопско, тетовско, кумановско и штипско, Филипче го оправда со потребата да се лимитираат движењата на 2-3 колено контакти на веќе потврдените и да им се олесни работата на епидемиолозите за земање на брисеви. За големиот број на граѓани од овие региони кои заминаа во деловите на земјава каде полицискиот час е пократок Филипче рече дека и да немаше полициски час тие ќе заминеа на викенд.

„Сепак беше продолжен викенд, луѓето секако ќе заминеа. И таму каде што заминаа треба да се придржуваат до превентивните мерки. Дали заминал некој поголем процент заради ова не е причина да не се придржуваат до превентивните мерки. Еве и по од граѓаните да заминале било каде ако носат маска и одржуваат дистанца, таков ќе биде живото и понатаму“, вели Филипче.

Филипче денеска и покрај ваквите бројки на нови случи со корнавирус не смета дека од понедленик ќе бидат вратени некои рестриктивни мерки, иако вели дека сепак Комисијата за заразни болести за конечна одлука ќе ги почека бројките и од идните два дена.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ