Рекорден број новозаболени во земјава во изминативе 24 часа

Рекорден број новозаболени во земјава во изминатииве 24 часа од почетокот на епидемијата. 120 се позитивни на Ковид од направени 953 тестирања. Повторно најголем број се во Скопје 67, но за сега не се знаат општините во кои се најголем број од заболените. Второ е Куманово со 19 новорегистрирани, но се работи за луѓе кои живеат во липковскиот регион. Во Штип има 16, Тетово девет, Велес двајца и Гостивар, Неготино и Струмица по еден. Црната статистика пак брои два смртни случаи. 65 годишна пациентка починала на инфективната клиника и маж на 69 години кој се лекувал во болницата „8 -ми септември“. Од вчера бројот на новодијагнстицирани случаи е троцифрен, 101, но првите поголеми бројки се појавија пред пет денови и се движеа околу 80.

Меѓу денеска заразените се и шестмина вработени во градската болница 8 ми септември каде се наоѓа и ковид центарот. Директорот христијан Костов вели дека 4 се медицински сестри и двајца болничари, а во самоизолација се испратени 10 нивни контакти вработени таму. Само една од сестрите работела во ковид центарот а останатите во други одделенија.

Инаку,  според информации на Телма скопската полиција синоќа открила два случаи во Сарај кои се заразени од корона вирус, а наместо во самоизолација не биле затекнати дома. Во првиот случај е жена која еднаш била во изолација во својот дом во Крушопек а втор пат кога ја побарале не ја нашле а се правдала дека е во друга куќа во горни Крушопек. И вториот случај е во фамилија со десетмина болни, но еден од нив се прошетал и отишол во самоизолација во друга куќа. Двајцата ќе добијат кривични пријави. Но од центарот за јавно здравје во Скопје велат дека епидемиолозите на терен се соочуваат со многу проблеми меѓу семејствата кои не веруваат и не сакаат да се тестираат.

Инаку, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, во Скопје 8, Штип 3Прилеп 2 Тетово 1 Велес 1 Битола 1. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ