
Рекорден број новозаболени во Штип- 33-ца за едно деноноќие
По штипските конфекции денеска е затворена и зградата на фондовите за Пензиско и инвалидско и за здравствено осигурување. Во канцелариите денеска се врши дезинфекција, а вработените се дома ги чекаат резултатите од брисевите за Ковид 19 и со странките работат по електронски пат.
Во подрачната единица на Фондот за пензинско вработени се 17 лица, позитивни на коронавирусот се тројца. Земени се брисеви од сите вработени во текот на викендот сега сите дома ги чекаат резултатите, по што ќе добиеме насоки како понатаму да се работи, велат надлежните од П.Е. Фонд за ПИОМ-Штип.
Еден кат подолу е Фондот за здравствено осигурување таму има еден заразен, а двајца вработени се во самоизолација. Најавија дека вработените ќе ротираат и утре ќе работат согласно препораките, со заштитна опрема дистанца од два метра и само на еден шалтер. Епидемиолозите бараат одговори како коронавирусот влегол во овие две важни институции. Со цел да не се шири заразата под клуч една недела ќе бидат и канцелариите на акцкионерското друштво за станбен и деловен простор, бидејќи на еден од вработените сопругата е позитивна на вирусот.
Бочварски вели дека овие бројки се појавуваат по масовното тестирање на вработените во седум конфекции,а кластерот е познат како текстилен. Поголем дел од конфекциите кои беа опфатени со скринингот ги пуштија вработените на годишен одмор.
Штип денеска има рекорден број на нозозараени, вкупно 33, а со со зголемувањето на на оваа бројка се зголемува и бројот на хоспитализирани. На инфективното се лекуваат 25n пациенти, од кои пет се на кислородна поддршка, а еден од нив на возраст од 86 години е во потешка општа состојба.
Викторија Димитрова – Јованова