Реконструкцијата на штипското инфективно одделение ќе почека до пролет

Додека грчки Интеркат чека на одобрување на дополнителните седум милиони евра за продолжување на машинскиот и електронскиот дел во новиот објект на штипската Клиничка болница, македонскиот конзорциум Клима пак чека да се подобрат временските прилики и да стартува со реконтрукција на единственото Инфективно одделение во источниот регион. Тендерите се завршени, а директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека планираат новата фасада, прозорци и рампа за лица со попреченост да се прават во втората половина на март, кога се очекува и да стивне грипот.

Реконструкцијата на Инфективното одделение, кое е проектирано за згрижување на потенцијални 200.000 пациенти се реализира со европски пари. Проектот чини околу 400 илјади евра, а речисипо  половина ќе делат штипската Клиничка болница и  бугарската општина Гоце Делчев. Бугарските здравствени работници ги советуваат своите македонски колеги да ги користат европските фондови, бидејќи во изминатите години реконструкциите и набавката на опрема ги прават со европски пари.

  • Ние ќе имаме одлична реконструкција на Клиниката за интерна медицина. Проектот е голем, а нашиот буџет е малку помал од бугарската страна. Станува збор за околу 150.000 евра, вели Левинов.

Штипското инфективно одделение ќе остане да функционира надвор од новата болница. Втората фаза од реконструкцијата се очекува да почне кога одделението за Неврологија ќе се пресели во новиот објект на болницата, а според новото пролонгирање, тоа треба да се случи на почетокот на наредната година.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ