
Реконструкцијата на патот кај клучките Мирковци и Стајковци може да заврши порано од планираното
До крајот на градежната сезона, ќе заврши реконструкцијата на скопската обиколница во должина од 10 кило-метри.
Министерството за транспорт и јавното претпријатие за државни патишта, направија увид на работите, и тврдат дека реконструкцијата на патот кај клучките Мирковци и Стајковци, која почна минатиот месец, и за која се издвоени околу 600 илјади евра, може да заврши порано од планираното, за во исто време да почне реконструкцијата на уште 31 пат, со заеми од Светска банка и ЕБОР, и средства на ЈП за државни патишта. Тие се во должина од 361 кило-метар, и за нив веќе се завршени тендерските постапки.