
Реконструкцијата ќе се објави в недела
Прашањата: кои министри или заменици заминуваат од Владата, кои ќе ротираат во други министерства, кои се новите членови на владиниот кабинет и од кои партии доаѓаат, ќе бидат одговорени по два дена.
Премиерот Заев рече дека одлуката за реконструкција на Владата е донесена, но ќе биде поднесена во Собранието в недела, за да можеме овие денови да бидеме добри домаќини на гостите од ММФ и од Светска банка.
Заев потврди дека до крајот на месецот ќе има промени и во другите ешалони на власта, како и во раководните структури на СДСМ.
Последниот збор го има премиерот, се согласуваат сите коалициски партнери во Владата, кои доставиле свои предлози за министри, но одбиваат самите да ги соопштат.
Неофицијално, од министрите на ДУИ заминува само Хазби Лика. Садула Дураку ќе раководи со новото Министерство за политички систем, а неговото место во животна средина ќе го заземе Насер Нуредини.
Алтернатива го задржува ресорот култура и го предлага професорот од Медицинскиот факултет во Тетово, Хисни Исмаили, а Горан Милевски од ЛДП го презема Министерството за локална самоуправа.
Заев најави дека ќе промени најмногу осум министри и дека четирите дами не се дел од реконструкцијата.
Соња Николовска